Search

И во Барселона има позитивни на коронавирусот

Како што официјално соопштија од прес-службата на Барселона, во клубот имало позитивен играч на Ковид-19.

Олеснителна работа за каталонскиот гигант е што не станува збор за фудбалер кој е во комбинација за петочниот дуел во рамиките на четвртфиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, туку еден од деветмина кои се подготвуваат за новата сезона.

Од каталонскиот гигант велат дека позитивниот немал контакт со првотимците и дека истиот играч чие име не се открива е пратен во самоизолација.

Треба да знаете
Последни објави