Search

Итна евакуација ги преплаши посетителите на аренатa О2 во Лондон

Итна евакуација се случила во арената О2 во Лондон, пренесува „Дејли експрес“. Според очевидец, на разгласот во салата било прочитано соопштение во кое било кажано: „Поради итен случај потребно е да се евакуира зградата“.

Пред вечерашниот настап на инди поп-групата „1975“, посетителите кои сакале да си обезбедат најдобар поглед кон музичарите во колона влегувале во салата, но се создала паника кога на разгласот била прочитана пораката за итна евакуација.

О2 потврди дека пораката била дел од редовна вежба. Арената О2 се наоѓа во југоисточен Лондон.

Треба да знаете
Последни објави