Search

Италија ќе ја пречека Македонија во Палермо

Како што известуваат медиумите во Италија, фудбалска федерација  на оваа земја денеска ќе го објави градот домаќин каде „аѕурите“ ќе го играат полуфиналниот меч од разигрувањето за пласман на СП-2022 во групата Ц против Македонија. Средбата е закажана за 24 март идната година, а за домоќин на решавачките 90 минути кои водат на само еден чекор до мундијалот во Катар, предначи Палермо.

Според „Гаѕета дело Спорт“, Палермо ќе ја добие организациојата доколку ја мине инспекциската контрола. Италијанците напоменуваат дека резултатите на нивната репрезентациоја кога игра во овој град како домаќин бележи дпобри резултати. Во Палермо, во 2019 година во квалификациите за ЕП 2022 Италијанците со 9:1 ја декласираа Ерменија, претходно во квалификациите за СП 2018 беа подобри од Албанија (2:0), па во квалификациите за ЕП 2016 со 1:0 ја совладаа Бугарија, како и Азербејџан (2:1)…

Како втора опција за органицазија на натпреаврот со Македонија, која во Торино против домаќинот Италија во евро-квалифиакциите извлече реми (1:1) се наметнува Болоња каде годинава „аѕурите“ во пријателски натпревар со 4:0 ја совлада Чешка.

Треба да знаете
Последни објави