Search

Италија, сепак, можеби ќе игра на Мундијалот во Катар

Фудбалската репрезентација на Италија сепак би можела да настапи на Светското првенство во Катар оваа есен. Тоа го тврди Франко Кименти, поранешниот претседател на италијанскиот олимписки комитет, чија изјава ја пренесе угледниот весник „Ла Република“.

„Постои шанса Италија да настапи на Светското првенство и истата е поголема од она што повеќето луѓе мислат“, изјави Кименти.

„Изгледа дека Еквадор на теренот во квалификациите имал играч кој не смеел да го има. Ако се случи поради тоа да испаднат, ФИФА ќе мора да донесе одлука за нов учесник на натпреварувањето. Ќе се избира според ранкингот, што значи дека Италија е прва на листата на замени“, изјави Кименти.

Италија остана без пласман на Мундијалот поради Македонија, откако нашите репрезентативци во полуфиналето од баражот славеа со 0:1 во Палермо благодарение на голот на Александар Трајковски во финишот.

ФИФА минатата недела официјално отвори истрага за фалсификуваните документи на Бајрон Кастиљо, фудбалерот кој играше за репрезентацијата на Еквадор на осум натпревари, вклучително и два против Чиле. Еквадор во тие натпревари освои четири бода против Чиле, а Чилеанците ги пријавија поради играњето на Кастиљо. Како што пишува „Ла Република“, ФИФА сега има два избора.

„Можат да му одземат бодови на Еквадор и така на нивно место да дојде Чиле, а можат и директно да го исфрлат Еквадор од натпреварувањето и пласманот да го доделат на најдобро пласираната екипа според ФИФА ранг-листата.

Треба да знаете
Последни објави