Search

Италија: Поморската мисија на ЕУ треба да се фокусира на ембаргото за оружје во Либија

Секоја поморска мисија на ЕУ во близина на либискиот брег ќе има потреба од темелно менување за да не дозволи ништо друго освен поддршка на ембаргото за оружје против земјата што е во конфликт, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи Ди Мајо, јави ДПА.

Осврнувајќи се на ЕУ операцијата „Софија”, чии пловни објекти беа закотвувани по спорот со Италија околу третманот на спасените мигранти, Ди Мајо кажа дека таа е важна почетна точка за поморската мисија на ЕУ во спречување оружјето да стигне до Либија

Мисијата „Софија” мора да биде демонтирана и пренаменета на сосема поинаков начин, бидејќи мора да биде мисија која ќе го спречи внесувањето оружје во Либија, вели Ди Мајо, пренесе ДПА.

На прашањето дали ова значи дека операцијата „Софија” веќе нема да треба да спасува мигрантите на морето, Ди Мајо кажа дека тоа не е „проблем што се разгледува на масата”.

Треба да знаете
Последни објави