Search

Италијанскиот амбасадор Ромео во посета на Дебар

Италијаскиот амбасадор во нашата земја Карло Ромео  денеска попладне беше во посета на Дебар.

Тој оствари средба со градоначалникот Хекуран Дука, кој го запозна со личната карта на општината, можностите за соработка на економски план, условите со кои располага општината и поволностите кои се нудат во однос на оторањето мали и средни претпријатија.

-Стана збор и за промоција на италијанскиот јазик и култура преку збратимување на нашата со општина од Република Италија. Средбата мина во многу позитивна и пријателска артмосфера, изјавија од општина Дебар.

Амбасадорот Ромео бил запознат и со фактот дека за неколкуилјади дебрани Италија е нивен втор дом, дека се вклучени во општественот живот во оваа земја, а не е мал бројот на оние кои таму имаат и свои бизниси.

Треба да знаете
Последни објави