Search

Италијанецот што ја објави снимката за „Рекет“ во конекција со Иванов и ВМРО-ДПМНЕ

Италијанецот што ја објави снимката за „Рекет“ во конекција со Иванов и ВМРО-ДПМНЕ

Ларис Гајсер, авторот на текстот објавен во италијанскиот „Ла Верита“ кој денеска ја објави снимката за случајот „Рекет“ на која се гледа како бизнисменот Орце Камчев им дава пари во кеш на Бојан Јовановски – Боки 13 и за Зоран Милески – Кичеец, очигледно е новинар кој има блиски релации со опозициската ВМРО-ДПМНЕ пишува А1он.мк.

Во 2016 година, според неговиот профил на Фејсбук тој бил во посета на земјава- фотографиран е со тогашниот претседател Ѓорге Иванов, со косовскиот претседател Хашим Тачи и со Андреј Лепавцов, поранешен амбасадорт на ЕУ.

Судејќо по тоа какви текстови објавува и споделува, очигледно е дека Гајсер има релации и инерес за Македонија – на својот профил на фејсбук тој најчесто споделува вести од двата портали- “Република“ и “Експрес“, двата блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Токму Експрес.мк прв ги објави аудио снимките поврзани со генералниот секретар на Владата Драи Рашковски како договара спорен тендер реден седум милиони евра со италијанска компанија. За истото, подоцна објавува Гејсер во Ла Верита, што значи дека оваа се втори аудио и видео снимки што ги објавува Гејсер во есникот а се поврзани со Македонија.

Повеќе од текстот на следниот ЛИНК

 

 

Треба да знаете
Последни објави