Search

Исчистен отпад од двор во населба Лисиче

Денеска е спроведена акција за чистење голема количина отпад во приватен двор во населбата Лисиче, по пријава на жителите на улицата „Блажо Орландик“. Акцијата ја изведе Испекторатот за животна средина на Град Скопје со соработка инспекциската служба за животна средина на Општина Аеродром, ЈП „Комунала хигиена“ и ПС „Аеродром“.

Станува збор за отпад што го собирал сопственикот подолг временски период, кој во неколку навртаи бил опоменуван од инспекцијата, но без резултат.

Наша одговорност да се грижиме за хигиената на сите површини на територијата на Општина Аеродром и да придонесеме за почиста животна средина.

Треба да знаете
Последни објави