Search

Исчезна изјавата на родилката во која лажела дека во семејството нема позитивни на Ковид 19

Изјавата на родилката- лажната докторка, а во која потпишала дека нема заболен од Ковид 19 член на семејството, исчезнала од нејзиното медицинско досие во Клиниката за гинекологија, објави НоваТВ.

Таа, откако самоволно ја напуштила клиниката и се породила во приватната болница „Ремедика“, не сакајќи да каже дека свекор и е позитивен на Ковид 19 е хоспитализирана на скопската Инфективна клиника. Случајот е пријавен во МВР.

-Да точно е, исчезна Изјавата од пациентката. Во надзорна камера го имаме снимено моментот како ја потпишува Изјавата. Но, таму каде што стои досието нема камера. Повикавме полиција за да се открие кој го украл документот, изјави за НОВА, Викторија Јовановска.

Јовановска тврди дека вчера имала притисоци од семејството да се повлече Изјавата на родилката и целиот случај да с е смири, за како што рекле“ние сме угледно и ценето семејство“.

За разлика од лажните податоци кои ги дала додека била на Гинеколошката клиника и во приватната болница, на 9 јуни кога била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести таа во документот во кој се наведуваат сите податоци, кога била примена, кога и каде се породила, каква терапија пиела наведува дека има свекор позитивен на Ковид 19 уште пред една недела и дека таа имала симптоми со настинка и црвено грло, пишува Фокус.

-Пациентка на 8 јуни со царски рез породила жив плод со уредни димензии во болница Ремедика. Протоколарно бил земен брис за SARS CoV 2 и со претходна најава е примена на нашата клиника со возило на Итната медицинска помош. Пациентката е без тегоби или температура и дава податок за симптоми на настинка со црвено грло од пред една недела за која се лекувала со симптоматика и тегобите за два дена се смириле – се наведува во извештајот од Инфективната клиника.

Таа дури признала дека и нејзиниот свекор е позитивен од пред една недела.

 

 

Треба да знаете
Последни објави