Search

Исчезната германска туристка пронајдена мртва во австралиската дивина

Телото на една германска туристка, која исчезна претходно овој месец, било

Полицијата соопшти дека останките на Моника Билен (62) биле откриени откако добиле нови, клучни податоци од нејзиниот телефон за да ја откријат нејзината локација.

Нејзиното тело било пронајдено на околу три километри од Емили Геп, место популарно кај туристите во еден изолиран природен резерват познат по своите карпести клисури во близина на Алис Спрингс во Северната Територија. Полицијата верува дека Германката отишла дотаму со стопирање и со пешачење

Полицијата започна потрага по копно и воздух откако Билен беше пријавена за исчезната на 11 јануари, но ја прекина потрагата пред да ги добие новите информации.

Температурите во централниот пустински регион на Австралија летово се над 40 степени Целзиусови, а полицијата соопшти дека Билен имала само жолта кашмирска шамија за да заштити од жешкото сонце.

Треба да знаете
Последни објави