Search

Истрагата за рекламирање на портали ќе се прошири и кон други политички партии, најавува Рускоска

Обвинителката Вилма Рускоска најавува дека истрагата која ја започнаа денеска ќе се прошири и кон други политички партии. Утрово ОЈО во соработка со МВР од три фирми одзеде документација за проверка кој, на каков начин и за која сума се рекламирал како платена политичка програма.

„Денеска истрагата почна за една политичка партија, но има сознанија и за други политички партии така што веројатно истрагата ќе ја прошириме“, изјави обвинителката Вилма Рускоска за Сител телевизија.

Се започнало од Министерството за внатрешни работи, кое доставило до ОЈО известување со кое постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност.

„Во насока на утврдување на наводите од Известувањето, во текот на утрово во координација со обвинителството, Министерството за внатрешни работи спроведе акција при што е одземена документација од три фирми кои ги основале предметните портали, а ќе се прибираат и докази од други релевантни институции“

Значителна сума за пропаганда на сајтови од 30.000 евра потрошила и коалицијата Никогаш Северна, секогаш Македонија, предводена од партијата Единствена Македонија на Јанко Бачев.

Од три фирми кои издаваат повеќе од 10 интернет портали утрово одземена е документација, бидејќи МВР и ЈО се сомневаат дека истите го оштетиле буџетот за време на изборната кампања.

 

Треба да знаете
Последни објави