Search

Истанбул е дом на најголемиот број на бегалци од Сирија

Најнаселениот град во Турција, Истанбул е дом на најголемиот број на бегалци од Сирија, се вели во извештај од парламентот.

Турција има сместено околу 3.6 милиони Сиријци кои пребегаа од седумгодишната граѓанска војна.

Комитетот за имиграција и интеграција при Комисијата за човекови права во турскиот парламент објави извештај за образованието на Сиријците во Турција.

Околу 559 000 Сиријци живеат во Истанбул, метропола која брои население од најмалку 15 милиони, се вели во извештајот според информациите на турското управата за раководење со податоци за миграција при министерството за внатрешни работи.

Според податоците, во Истанбул живеат 16,6 проценти од вкупниот број на сириски бегалци во Турција.

Вкупно 3 597 938 пријавени Сиријци живеат во Турција, според податоци од 15 ноември, 2018. За споредба, минатата година таа бројка изнесувала 3,42 милиони.

Меѓу десетте области каде живеат најголем број Сиријци, Санлиурфа во југоисточниот дел на Турција е дом на околу 460 000 бегалци, додека преку 400 000 живеат во покраината Хатај која се граничи со Сирија.

Во Килис во моментов живеат околу 122 000 Сиријци, а во Конја повеќе од 102 000 бегалци од Сирија.

Треба да знаете
Последни објави