Search

Исплатени речиси 200 милиони денари за субвенциите за предадено млеко и оризова арпа, земјоделството е на правиот пат

СДСМ како одговорна и домаќинска партија продолжува со вистинска грижа за сите граѓани.

Заложбите во земјоделството преку реализација на бројни мерки во овој сектор, покажуваат и докажуваат дека сме на вистинскиот, на правиот пат.

Како дел од тие мерки е и воведувањето на нова дополнителна субвенција за предадено јагне во износ од 400 денари по грло за 2019 година.

Вчера кон млекопроизводителите беа исплатени 153,4 милиони денари субвенции за предадено млеко, а претходно се исплатија субвенции и за оризова арпа.

На сметките на 1.130 оризопроизводители легнаа 41,4 милиони денари за дополнителната субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа, а со тоа се исполни ветениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година.

Во следниот период ќе бидат исплатени и останатите обврски кон земјоделците.

За таа намена, согласно ребалансот на буџетот, обезбедени се нови 915 милиони денари за исплата на субвенции за различни производи.

Вкупниот буџет за субвенции годинава достигна околу 7 милијарди денари само од Програмата за директни плаќања.

По цели 11 години, денес субвенциите се исплаќаат неселективно и навремено, го враќаме достоинството на земјоделците, се повеќе пари завршуваатво нивниот буџет и градиме конкурентно земјоделство.

Грижата за земјоделците е приоритет на Владата предводена од СДСМ, резултатите потврдуваат дека земјоделството денес е на вистинскиот пат.

Треба да знаете
Последни објави