Search

Исламофобните инциденти во Велика Британија се зголемиле 600 отсто една недела по терористичкиот напад во Крајстчерч

Антимуслиманските инциденти од омраза пријавени во Обединетото Кралство се зголемени за скоро 600 отсто во неделата по нападите во џамиите во Нов Зеланд во кој беа убиени 50 муслимански верници убиени од бел супремацист, пренесува РТ.

„Тел MAMA“, британска организација која ги следи исламофобните инциденти, открива дека речиси сите евидентирани случаи се поврзани јазик со терористичкиот напад во Крајстчерч преку јазикот и симболите што се користени или дејствата што се преземен .

Тие посочуваат дека луѓе се преправаат дека вперуваат пиштол кон муслимански жени како пример за корелација со убиствата во Нов Зеланд.

Директорот на „Тел MAMA“, Иман Ата, тврди дека скокот во исламофобните случаи илустрира како некои луѓе чувствуваат постојана и упорна омраза кон муслиманите, сметајќи ги нападите како ферплеј.

„Во Нов Зеланд беа убиени муслимани, а британските муслимани го чувствуваат гневот на фанатиците. Тоа е перверзно“, вели Ата.

Групата, исто така, откри дека наглиот пораст на инцидентите од омраза против муслиманите е бројно поголем во изминатите седум дена отколку во неделата по терористичкиот напад во Манчестер во 2017 година.

Фејсбук избришал 1.5 милиони објавени снимки од нападот на џамиите во Крајстчерч во 24 часа по масакрот што го изврши 28-годишниот Австралиец Брентон Тарант на 15 март.

Треба да знаете
Последни објави