Search

Ирска ќе го блокира договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Меркосур ако Бразил не го заштити Амазон

Ирска се закани дека ќе го блокира трговскиот договор за Меркосур меѓу ЕУ и земјите од Јужна Америка ако Бразил не преземе чекори кон заштита на запалената дождовна шума во Амазон, пренесува „Спутник“.

„Нема шанси Ирска да гласа за договорот за слободна трговија ЕУ-Меркозур ако Бразил не ги исполни своите обврски за животната средина“, рече премиерот Лео Варадкар.

Меркосур е трговски блок на четири економии од Латинска Америка – Аргентина, Парагвај, Бразил и Уругвај – што обединува 250 милиони луѓе и учествува со над 75 отсто во кумулативниот БДП на Јужна Америка.

ЕУ, која е најголем странски инвеститор во Меркосур, формулираше трговски договор со блокот на 28 јуни по речиси две децении преговори. Договорот допрва треба да биде целосно ратификуван од законодавството на ЕУ и нивните колеги од Меркосур во долг процес кој може да трае до две години.

Амазон – најголемата дождовна шума на планетата – е уништена од пожари што горат со рекордна стапка неколку недели. Агенцијата за вселенски истражувања во Бразил објави неделава, повикувајќи се на сателитски податоци, дека досега годинава во земјата имало 73.000 пожари, што е највисок број од почетокот на записите во 2013 година, а повеќе од половина од нив биле во Амазон. Тоа претставува пораст од 84 отсто од истиот период во 2018 година.

Претседателот Болсонаро, кој го разреши шефот на агенцијата минатиот месец поради несогласувања околу податоците за уништувањето на шумите, ги обвини локалните групи за животна средина дека ги запалиле пожарите во обид да ја засрамат владата.

„На прашањето за пожарите во Амазон, што, според мене, можеби се запалени од невладини организации затоа што изгубиле пари, која е намерата? Да се донесат проблеми во Бразил “, рече Болсонаро на состанокот за челичната индустрија во Бразилија.

Треба да знаете
Последни објави