Search

Иран се обидел да се меша во изборите во САД

Врз основа на податоци од Федералното биро за истраги (ФБИ), избришавме околу 130 профили кои наводно биле создадени во Иран, соопшти Твитер.

Профилите биле искористени за „спречување на јавна дискусија за време на првата претседателска дебата во 2020 година“, соопшти компанијата. Во исто време, се потенцира дека овие активности немаат значително влијание врз текот на дискусијата на социјалната мрежа.

Првиот круг дебати за претседателската кампања се одржа во вторникот вечерта во Кливленд, Охајо. Втората дебата меѓу актуелниот претседател Доналд Трамп и демократот Џозеф Бајден ќе се одржи на 15 октомври во Мајами, Флорида, а третата на 22 октомври во Нешвил, Тенеси.

Треба да знаете
Последни објави