Search

Иран: САД не урнале наш дрон, можеби по грешка погодиле свој

САД можеби урнале еден од нивните дронови над Ормушкиот теснец, објави денеска помошникот на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, негирајќи дека американските сили собориле иранско беспилотно летало.

„Мислам дека американскиот воен брод ‘Боксер’ урнал еден од своите дронови“, напиша тој на својот профил на „Твитер“ на англиски јазик, говорејќи за инцидентот во кој, според зборoвите на американскиот претседател, Доналд Трамп, американски брод во четвртокот урнал беспилотно летало на Иран.

„Ние не сме загубиле ниту еден дрон на Ормушкиот теснец, или пак било што друго“, додаде Арагчи.

Американскиот претседател Трамп вчера објави дека САД собориле иранско беспилотно летало над Ормушкиот теснец бидејќи опасно се приближило кон американски брод.

Според зборовите на Трамп, иранскиот дрон му се приближил на воениот борд „УСС Боксер“ на помалку од 1.000 метри при што била спроведена дефанзивна акција.

„Беспилотното летало беше уништено“, соопшти тој.

Треба да знаете
Последни објави