Search

Иран може да биде непредвидлив

Поради непредвидливата политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, официјален Техеран може да одговори „непредвидливо”, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф.

– Меѓусебната непредвидливост ќе доведе до хаос. Претседателот Трамп не може да очекува да биде непредвидлив, а другите да бидат предвидливи, изјави Зариф во Стокхолм.

Во меѓувреме, заменик постојаниот руски претставник во Обединетите нации, Дмитри Пољански, побара да прекине американската политика на санкции кон Иран, додавајќи дека не е можно од Техеран да се бараат преговори додека истовремено му се воведуваат санкции.

Зборувајќи на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на меѓународниот мир и безбедност, Пољански кажа дека неодамнешните тензии во Персискиот Залив се измислени и од сите страни побара воздржаност.

Треба да знаете
Последни објави