Search

Иран демантира дека се меша во изборите во САД

Владата на Иран денеска го повика швајцарскиот амбасадор за да изрази протест поради, како што наведе, неоснованите сомнежи на САД дека Техеран се обидел да се вмеша во претседателските избори.

– Цврсто ги отфрламе изјавите на американските претставници дека сакаме да се мешаме во нивните избори. Тоа се целосни бесмислици и лаги кои им ги пренесовме на амбасадорот на Швајцарија. Како што и претходно нагласивме за Иран нема никакв разлика кој ќе победи на изборите, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хазибзадех.

Швајцарија ги пренесува интересите на САД во Иран, бидејќи Вашингтон и Техеран неемаат официјални односи.

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека Иран и Русија собраат податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори во САД. Според ФБИ Техеран е одговорен и за испраќање заканувачки електронски пораки до демократските гласачи.

Треба да знаете
Последни објави