Search

Инцидент на фудбалски натправар во Волино, приведени повеќе лица

Група навивачи нападнале судија на фудбалски натпревар од Третата лига во село Волино во рамки на Третата македонска фудбалска лига се случил инцидент со навивачите на домашниот тим.

Полицијата реагирала пред да заврши натпреварот и уапсила неколку навивачи на Волино, односно жители на ова село. При обидот приведените да бидат спроведени во полициската станица во Охрид, жители на селото Волино поставиле барикади при излезот, по што полициското возило не можело да го напушти селото, јавува „Охридскај“.

Според информациите од МВР, приведени се неколку лица, а за случајот е известен и јавен обвинител. Во моментов СВР Охрид е блокирано од двете страни на улицата и никој не може да дојде до влезот на локалната полиција.

https://www.facebook.com/BatkoTane/videos/2531847056837999/?t=1

Експрес.мк, пак, објави дека според роднини на приведените, уапсени се половина од тимот ФК„Сатеска“ кои се однесени во полициската станица во Охрид затоа што скандирале „Никогаш Северна само Македонија“ и истакнувале знамиња со сонцето од Кутлеш или Вергина кои што се забранети согласно Преспанскиот договор.

Треба да знаете
Последни објави