Search

Инцидент меѓу активистите кои го блокираа железничкиот сообраќај во Лондон и патници

За време на протестите на активистите од еколошката група „Бунт против изумирање”, кои го блокираа железничкиот сообраќај во источен Лондон, се случи инцидент со патници од возот каде што биле качени демонстрантите.

Тоа се случило на станицата Кенинг Таун, кога разбеснетите патници симнале од покривот двајца активисти кои носеле транспарент на кој пишувало „Работата како и обично е еднаква на смрт”.

Активистите со скали се качиле на покривот на возот, со што предизвикале брза реакција на патниците, кои нив фрлале сендвичи и пијалок.

Пред да бидат уапсени, двајцата активисти од покривот физички се пресметале со патниците, а човекот кој го снимал инцидентот бил претепан од некои патници.

Лондонската полиција соопшти дека неколку лица се уапсени и ја осуди акцијата на демонстрантите.

Треба да знаете
Последни објави