Search

Интер ја испрати Болоња со половина дузина голови во мрежата

Актуелниот италијански фудбалски шампион и моментален лидер во Серија А, Интер ја испрати Болоња од Милано со половина дузина голови во мрежата (6:1). На вечерашниот натпревар од 4. коло во калчолигашката конкуренција Интер кој беше лут по поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите (0:1) одиграа во шампионски стил и сиот бес и го истури на екипата која ја предводи Синиша Михајловиќ. Избраниците на Симоне Инѕаги во двете полувремиња постигнаа по три погодоци, во првиот дел во листата на стрелците се запишаа Мартинез, Шкриниар и Барела, а во вториот дел тоа го направија Весино и на двапати Џеко.

Точка на гол шоуто на „Џузепе Меаца“ стави Тиате во 86 минута со посчесен погодок за Болоња кој го претрпе првиот пораз сезонава, по двете победи и едното реми во досегашните средби.

Треба да знаете
Последни објави