Search

Интер рутински против Специја, Рома поразена во Болоња

Шампионот Интер одигра според планот и лесно се справи со Специја, па победи со 2-0 (1-0). Пресметката на „Џузепе Меаца“ понуди по еден гол во двете полувремиња. Избраниците на Симоне Инзаги се во одличен ритам, не знаат за пораз во претходните десет натпревари

Интер не притискаше премногу, Специја добро се бранеше и издржа без да прими гол 36. минути. Тогаш, Роберто Гаљардини успеа да го отвори резултатот и првакот поведе со 1-0. На теренот постоеше само еден тим, Интер доминираше во сите сегменти, а на втор гол чекаше до 58. минута. Лаутаро Мартинез го реализираше пеналот кој го доби неговиот тим, поставувајќи ги конечните 2-0.

„Нераѕурите“ фатија приклучок со водечките и барем до вечерва ќе бидат второпласирани со 34 бода, еден помалку од Наполи и два повеќе од Милан кои играат подоцна.

Фудбалерите на Болоња ја изненадија Рома и на својот „Ренато Дал’Ара“ победија минимално со 1-0 (1-0), во пресметката од 15. коло на Серија А. Избраниците на Синиша Михајловиќ поведоа во првиот дел, па одиграа стабилен втор за голема победа. Српскито стратег го надмудри ривалот на спротивната страна Жозе Мурињо, кој оваа година нема посакувани резултати во Рим.

Болоња на Миха котира одлично оваа сезона, во моментов е на ист број бодови со  Јувентус на табелата во Серија А и е осма со 24, еден помалку од Рома која е петта.

Треба да знаете
Последни објави