Search

Интерес за субвенции за осигурување на производството во Прилеп

За два дена, 116 производители од Прилепско поднеле барање до подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за субвенционирање при осигурување на производството. Рокот почна вчера и ќе трае до крајот на месецов.

Засега, најголем интерес да го осигураат производството е за добитокот, поточно за кравите, но и за тутунот. Не изостанува можноста да се осигураат и градинарските култури. Се пријавуваат производителите и од регионите Канатларци, Мало и Големо Коњари, Долненско, каде годиниве имаше непогоди и беше уништен родот. Од подрачната единица на Министерството во Прилеп велат дека интересот за осигурување со субвенционирање е зголемен.

Државата субвенционира 60 отсто од средствата за осигурување на родот и добитокот. Производителите тоа можат да го сторат до крајот на месецов во подрачните единици на Министерството за земјоделство, во осигурителните компании и он-лајн.

Треба да знаете
Последни објави