Search

Индија успешно тестира проектил со нуклеарна моќ и досег до 3.500 километри од подводна платформа

Индија ја тестира својата балистичка ракета „К-4“ способна да носи нуклеарна бојна глава лансирајќи ја од подморница од својот југоисточен брег. Лансирањето наводно поминало непречено, пренесува РТ .

Ракетата, со која треба да се опреми првата индиска нуклеарна подморница во Индија, „ИНС Арихант“, наводно прелетала 2.200 километри по лансирањето од подводен понтон во Бенгалскиот Залив, во близина на крајбрежјето на Висакапатнам во неделата попладне. Локалните медиуми, повикувајќи се на неименувани официјални извори, велат дека лансирањето од платформа симулира ситуација на лансирање од подморница.

Софистицираното оружје, кое е наменето да ја засили моќта за нуклеарно одвраќање на Индија, веќе помина неколку тестови, но сега првпат ракетата прелета толку големо растојание, изјави извор за „Тајмс на Индија“.

Иако во моментот Њу Делхи не дава информации за лансирањето, официјални извори изјавиле за „Хинду он сандеј“ дека тестот во неделата очигледно поминал без броблеми и ги исполнил сите посакувани параметри.

Во моментот „ИНС Арихант“ е вооружена со 12 нуклеарни балистички ракети „К-15“, но откако „К-4“ ќе стане оперативна, подморницата ќе може да носи четири од најмоќните домашни балистички ракети.

„’ИНС Арихант’ ѝ обезбедува на Индија загарантирана можност за втор удар во случај на сценарио за нуклеарен напад“, рече д-р Шишир Упадјаја, поранешен офицер на Индиската поморска разузнавачка служба, за РТ во декември.

Постоењето на оваа можност ги зголемува влоговите во потенцијалниот нуклеарен конфликт правејќи го помалку веројатен, а целокупната безбедносна состојба постабилна.

Треба да знаете
Последни објави