Search

Индиска невеста на својата венчавка носеше костум со панталони

Сањана Риши неодамна на нејзината традиционална индиска венчавка носела винтиџ светло-сив костум со панталони едноставно затоа што сака одела.

Со својот избор на облека за венчавка, таа исто така направи храбар моден потег што ги натера многумина да се запрашаат дали и други невести ќе ја отфрлат традиционалната облека во корист на моќниот костум.

На Запад, невестинските панталони станаа модерни во изминативе неколку години. Дизајнерите промовираат панталони во своите колекции за венчавки, а ваквата комбинација наиде на одобрување од славни личности. Минатата година, актерката на „Игра на тронови“, Софи Тарнер, носеше бели панталони кога се омажи за музичарот Џои Џонас во Лас Вегас.

Но, облеката на Сањана Риши е исклучително невообичаена за Индија – каде што невестите обично се облекуваат во свилени сари или комбинации на долга сукња-блуза-шал. Црвена е преферираната боја, а облеката обично е извезена со златен или сребрен конец.

Г-ѓа Риши (29), индиско-американски претприемач, се омажи за бизнисмен од Делхи, Друв Махајан (33), на 20 септември.

Треба да знаете
Последни објави