Search

Или во кревет или ке ти дадам отказ: Газда ја уценил Ангела а таа му одговорила на начин што ке го памети цел живот

Знаела дека себе може да си направи огромен проблем, но сепак морала ова да го каже.

Не е лесно да се докажете на првата работа во животот, а дури ако се убави и згодни, па му паднете на око на вашиот шеф или директор.

За тоа дека украинката Анѓела не е од оние кои ќе се согласат да преку кревет градат кариера, нејзиниот газда во Институтот за преработка на храна во близина на Харков се измамил во својата проценка.

Својата исповед ја испратила до украински портал, еден од најпопуларните во оваа држава.

Се започнало со културна размена на мислење и понекогаш шеги за време на пазуата, а потоа газдата започнал да ја следи Анѓела на речиси секој одмор на работа, се со цел да може да размени уште по некој збор.

Забележила дека неговата намера не е чисто деловна, а кога за прв пат ја повикал на пијалок, знаела колку е часот. Љубезно го одбила и првиот, но и вториот пат, па тој станал се по агресивен.

Пирота слушнала за девојка која година дена пред неа морала да замине од Институтот поради мобинг и вознемирување, па во главата веќе започнала да го подготвува својот одговор, чисто за секој случај.

Тој момент дошол многу брзо, всушност, побрзо отколку што очекувала. Едно попладне, шефот ја пречекал на паркингот, бидејќи знаел дека Анѓела мора да помине овде за да го фати автобусот. Ја прашал дали може да ја однесе до дома. Бидејќи врнело, решила да биде практична па се согласила.

“Во автомобилот започна да ме опсипува со комплименти и да се жали дека долго време немал нормална девојка. Дојде до таму да морав да му кажам дека сум зафатена. А потоа започна да се дере и јасно ми кажа дека или ќе одиме кај него, или ќе ми даде отказ”, напишала Анѓела.

Потоа, додала дека е вистинско време да го активира подготвениот одговор во главата.

“Му реков да не се прави наивен и дека знам што и се случило на девојката пред мене, како и дека лично ја познавам. Започна да се врти на седиштето и го запали автомобилот, а потоа му реков дека сум еманципирана, урбана девојка која знае за своите права и не е наивна. Му се заканив со тужба и му порачав дека никогаш повеќе не смее да каже ниту збор надвор од тема во врска со работата иначе ќе помине многу лошо, бидејќи познавам и некои важни луѓе. Му кажав и кои. Тука замолче и не проговоре до мојата куќа. Никогаш повеќе не разговаравме, но сепак после 3 месеци ја напуштив работата. Некако, не се чувствував пријатно таму после сето ова”, напишала Анѓела која сите ја поддржаа во својата одлука.

Треба да знаете
Последни објави