Search

Илиевски: Не знам дали ќе бидам опфатен со амнестијата

Богдан Илиевски обвинет за случувањата од 27. април како организатор на протестите „За заедничка Македонија“, пред денешното рочиште за „крвавиот четврток“ по однос на законот за амнестија изјави дека суштински не знае што би стоело во законот и дали ќе биде опфатен со истиот, што би значело стопирање на секаков прогон против него за случувањата од 27. април минатата година.

„Не знам дали ќе бидам опфатен, јас не изготвувам никаков закон, можам да кажам дека слободата е вистинска правда за тие што сме неправилно обвинети“, рече Илиевски.

Треба да знаете
Последни објави