Search

Икер Касиљас стави крај на богатата кариера

Икер Касиљас, денес соопшти дека заминува во фудбалска пензија на 39-годишна возраст.

Икер важеше за еден од најдобрите голмани на светот, кој со Реал три пати се израдува на титулата во Лигата на шампионите. Исто така беше капитен на шпанската репрезентација со која освои две европски и една светска титула.

Минатата година доживеа срцев удар на тренинг на Порто, но се врати неколку месеци подоцна. Во последните пет години беше дел од португалскиот гигант, а претходно 16 години ги бранеше боите на „кралскиот“ клуб од Мадрид.

Пет пати беше дел од идеалниот тим на светот, исто толку пати беше избран за најдобар голман на светот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави