Search

Изјава на Зоран Заев по завршувањето на лидерската средба

Изјава на Зоран Заев по завршувањето на лидерската средба

По завршувањето на лидерската средба вечерва во Клубот на пратеници, премиерот Зоран Заев  рече дека разговарале за законот, но и за одржувањето на референдумот најбрзо што може.

Тој изјави дека требало да изберат стабилност, безбедност и иднина.

Премиерот кажа дека оние кои останале се за НАТО и ЕУ.

Заев вели дека референдумот ќе биде успешен како процес.

Додава дека граѓаните ќе кажат на референдум, во кој правец да се движи Македонија.

Заев повтори дека амнестија нема да има.

Заев го осуди демонстративното заминување на Мицкоски, кој ја напушти лидерската средбата со образложение дека не му бил јасен концептот зошто претставници на сите парламетнарни партии не се присутни.

-Граѓаните очекуваат од нас мудри и државнички одлуки. Нашата највисока патриотска должност, е да им ја обезбедиме иднината на нашите граѓани. Вечерва, ние кои сме за НАТО и Европската унија, се обврзавме дека тоа ќе го исполниме, а граѓаните на рефереднум ќе одлучат и ќе кажат „да“ за својата иднина. Сите ние кои останавме посветени до крај, на оваа лидерска средба, сите сме за влез на Македонија во Европската унија и НАТО. Заедно сме за успех на референдумот, на кој ќе одлучуваат граѓаните. Ги информирав лидерите за можната формулација на референдумското прашање, кое би се движело во следната насока: Дали сте за членство во Европската унија и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?, изјави Заев.

Премиерот Зоран Заев за утре закажа нова лидерска средба.

Тој, како што кажа, го повикал премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев најдоцна до понеделник да организира лидерска средба во форма како што претходно се одржувала, со присуство на лидерите на четирите најголеми партии, СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и најголемата опозициска партија на Албанци.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави