Search

Изрешетано „ауди“ во Железара, двајца повредени

Две лица се повредени по вооружениот напад кој синоќа се случи во скопската населба Железара. Од Министерството за внатрешни работи велат дека во 00,21 часот по полноќ, ноќта кон понеделникот добиле пријава дека на улицата „Ферид Бајрам“ во скопската населба Железара биле слушнати истрели од огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека 29-годишниот И.А. и 35-годишниот С.Р., двајцата од Скопје, биле повредени од огнено оружје и било оштетено патничко возило „ауди“, сопственост на 33-годишниот Е.С. од Скопје

Повредените биле пренесени во болницата „Систина“ за укажување медицинска помош.

Треба да знаете
Последни објави