Search

Израел успешно лансираше шпионски сателит

Министерството за одбрана на Израел соопшти дека рано изутринава успешно е лансиран нов шпионски сателит, кој, според официјалните лица, ќе и даде на земјата уште едно средство за набљудување на бројните закани во регионот.

„Офек 16″ е додаден во флотата израелски шпионски сателити лансирани во последните две децении, но државата не открива колку од нив се оперативни.

Амнон Харари, кој раководи со Управата за вселена и сателити во Министерството за одбрана не идентификуваше специфични закани.

– Сите групи на сателити се користат за да се следи која било закана по државата Израел, за кои знаете дека некогаш се далеку и непосредни, така што е неопходен постојан мониторинг, вели Харари.

Новиот сателит беше развиен од Министерството заедно со државната Воздухопловна вселенска индустрија на Израел. Како што е наведено, „Офек 16″ бил лансиран во вселената во 4,00 часот од воздухопловната база Палмахим, во централниот дел на Израел.

Опишан е како „електро-оптички сателит за набудување со унапредени можности”. Се очекува да почне да испраќа фотографии за околу една седмица.

Треба да знаете
Последни објави