Search

Израелци раниле најмалку десет Палестинци изминатиов викенд

Повеќе од десет Палестинци се повредени во напади на Израелците во текот на викендот за време на аџилак на евреите во градот Хеброн на Западниот Брег.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека на повредените лица, меѓу кои и 18-месечно бебе, кое било погодено од камен кој бил фрлен низ прозор на семејниот дом во населбата Тел Румеида, им била укажана помош во локалните болници.

Дедото на бебето информира дека момчето е во болница и оти е во стабилна состојба.

Очевидци велат дека еврејските верници исто така нападнале палестински продавници во Стариот град во текот на денот, а израелските безбедносни сили кои ги чуваат еврејските аџии не интервенирале за да го запрат насилството.

Треба да знаете
Последни објави