Search

Изгоре градски автобус на сред улица во Рим

Во Рим денеска на улица изгоре автобус на градското сообраќајно претпријатие „Атак“, при што нема повредени, пренесува агенцијата „Анса“.

Како што се додава, автобусот, кој бил во употреба 15 години, се запалил во раните попладневни часови. Од претпријатието соопштиле дека возачот ги изнел патниците од автобусот и се обидел сам да го угасне пожарот, но не успеал во тоа.

„Немаше никакви проблеми со луѓето“ се наведува во соопштението од претпријатието.

Треба да знаете
Последни објави