Search

Изгаснат пожарот во близината на железничката станица во Куманово

Пожарот кој вчера доцна поладне избувна во близината на железничката станица во Куманово е изгаснат, информираа од регионалниот центар за управување со кризи. Гореа старите дрвени прагови извадени од железничката пруга кои биле складирани во должина од 50 метри и висина од десет метри. Во гасењето на големиот оган противпожарните возила интервенирале десет пати со триесетина пожарникари.

Огнените јазици бил ставен под контрола во 20:30 часот, со што се било оневозможено ширење на пламенот кон соседни објекти, а интервенцијата завршила рано изутирнава во 03:45 часот. Во ноќните часови напомош стигнал и воз со цистерни со вода.

Вчерашниот пожар проследен со густ црн облак кој се гледаше од повеќе локации на градот и непријатниот мирис ги вознемири ќителите на Куманово. Градоначалникот преку социјалните мрежи ги повика сограѓаните да останат мирни, укажувајќи дека пожарникарите си ја вршат својата работа, но дека станува збор за дрвена маса, премачкана со битумен, нагласувајќи дека „несовеност на граѓани носи проблеми со несогледливи последници“.

Треба да знаете
Последни објави