Search

Идрис Елба прогласен за најсекси маж на годината

 Познат магазин  го прогласи Идрис Елба за најсексапилен маж за 2018 година. Пред него оваа титула ја добија Двејн Џонсон, Дејвид Бекам, Блејк Шелтон и други.

46-годишниот Британец е изненаден од титулата што му ја доделија.

„Да бидам искрен, убаво е чувството. Убаво изненадување“, смета тој.

Освен што се занимава со глума во слободното време Идрис настапува и како диџеј под името Диџеј Биг Дрилс, а дизајнира и облека.

Инаку, е татко на две деца, 16-годишна ќерка и 4-годишен син. Двапати бил женет, а во февруари годинава се вери со манекенката Сабрина Доур.

Треба да знаете
Последни објави