Search

Играњето на завршницата од ЕП ќе ги покрие сите слабости

Македонската фудбалска репрезентација за седум дена одигра три меч. Еден, можеби најзначаен, против Косово во полуфиналето од минатосезонското издание на Лигата на нации, кој ги донесе на само еден чекор од пласман на ЕП-2020, и два од тековната сезона во истото натпреаврување, со Естонија и Грузија. Скорот е победа против Косово (2:1) и два нерешени исходи во новиот циклус  со Естонија (3:3) и Грузија (1:1).

Резултатски гледано не е разочарувачки. Серијата на мечеви без пораз продолжи, но прикажаната игра со осцилации и правење на почетнички киксови, примање на евтини голови е она на што треба да се посвети внимание доколку на 12 ноември во Тбилиси на решавачките 90 минути со Грузија сакаме сонот да го претовриме во јаве.

Македонија ќе и гостува на Грузија во натпреавр за пласман на ЕП. Поправен испит ќе нема. Ќе решаваат 90 или 120 минути, а можеби и пеналите кој ќе биде патникот на јубилејното ЕП што ќе се одржи во 12 градови на „стариот континент“. Ако „црвено-жолтите“ го добијат овој историски натпреавр во една од трите варијанти и го зграпчат билетот за да патуваат на ЕП, во групата која ќе се игра во Букурешт, се ќе се заборави. Ќе се покрија сите покажани слабости. Ќе се слави пласманот на ЕП. Во спротивно ќе се бара и „влакно во јајцето“ зошто не ја искористивме најздрелата шанса да поентираме со испишување на најсветлата страница во историјата на мак-фудбалот. Психолошкиот товар во пресрет на овој решавачки дуел е огромен, а македонските репрезентативци барем на тој план во изминативе три натпреаври покажаа дека добро се носат.

Избраниците на македонскиот селектор Игор Ангеловски – Мрме во период на принудни апстиненции предизвикани од корона-криза, физички не се најдобро подготвени да ги згазат противниците против кои според рејтингот ја имаа фаворитската улога. Се виде тоа на теренот изминатава недела. Но, добро е што психички се подготвени да не се предаваат до последниот свиреж. Да веруваат дека можата да стигнат до целта. Не се предаваат и тоа е одлика која треба да се искорси во Тбилиси. Не потклекнаа во Талин и кога домаќинот Естонија водеше со 3:1 на само десетина минути пред крајот на мечот, и против Грузија во Скопје иако имаа негатива и играч помалку до судиското продолжение кога ја анулираа предноста (1:1). За еден месец треба да бидат уште посилни, не само на психички туку и на физички план.

Што поради коронавирусот, повреди, картони… на трите средби селектрот Игро Ангеловски – Мрме не беше во ситуација да составува тим со најдобрите и најподготвените. Комбинираше. Со Косово најстандардните, против Естонија и Грузија играа повеќе оние со помала минутажа. Може на овој потег да се гледа и од друг агол – тактичкиот. Но и ривалот кој не чека во финалето Грузија, во Скопје истрач без седум кандидати кои играат стандардна улога во државниот тим. Кој колку тактизирал или чувал адути за изненадувања ќе се види во Тбилиси, каде македонскиот тим пред еден месец истотака избори реми (1:1) во меч од годинашното издание на Лигата на нации.

 

 

Треба да знаете
Последни објави