Search

Ибрахимовиќ очекува да се опорави за дуелот со Јувентус

Напаѓачот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ очекува да се опорави за натпреварот од 31. коло во Серија А, со Јувентус, кој е закажан за 7 јули, пренесува „Тутоспор”.

Претходно беше објавено дека Швеѓанецот ќе пропушти околу еден месец поради повреден мускул десната потколеница.

Во сезоната 2019/20, Ибрахимовиќ настапи на 10 натпревари за Милан, постигна четири гола и оствари една асистенција.

Треба да знаете
Последни објави