Search

Ибрахимовиќ може да започне тренерска кариера

Фудбалерот на италјанскиот калчолигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, планира да го напушти тимот на крајот од сезоната и да ја заврши кариерата, пренесува „Спорт Медијасет”. После тоа, тој ќе започне да работи како тренер.

Претходно беше објавено дека Швеѓанецот е незадоволен од разрешувањето на директорот на клубот, Звонимир Бобан. Другиот директор, Паоло Малдини, исто така може да го напушти тимот. Поради тоа, напаѓачот одбива да го обнови договорот.

Триесет и осумгодишниот Ибрахимовиќ оваа сезона настапи на 10 натпревари за Милан и постигна четири гола и оствари една асистенција.

Треба да знаете
Последни објави