Search

Зошто треба да јадете пица со колегите на работа?

Ако не ви се работи со колегите на работа, нарачајте си пица. Тоа е заклучокот на едно многу интересно истражување што беше спроведено меѓу вработените во една компанија.. Секако, се подразбира таа пица да ја плати некој друг.

 

Според еден магазин пицата е одличен избор не само заради одличниот вкус, туку и е генијален мотиватор што ќе ја зголеми продуктивноста на цел колектив.

Во склоп на истражувањето, на вработените им биле праќани мејлови дека ги чека многу дополнителна работа. На едните за возврат им бил нуден паричен бонус, а на други им било кажувано дека надредените ќе им дадат редок комплимент или признание, додека на трети им бил ветен ваучер за пица.

Работата на овие луѓе опфаќа составување на чипови за компјутери. Уште во првиот ден од истражувањето се покажало дека пицата била најголем мотиватор меѓу вработените.

Продуктивноста на луѓето на кои им бил ветен ваучер за пица била зголемена за 6,7 отсто.

Речиси подеднакво било ценето уважувањето од шефот, па оние на кои им било ветено признание имале зголемена продуктивност за 6,6%.

На големо изненадување, бонусот во форма на пари бил најслаб мотиватор – продуктивноста на оваа група се зголемила за 4,9 отсто на почетокот на истражувањето и потоа се намалувала.

Оние на кои им било ветено пица или признание подолго време биле мотивирани и продуктивни.

Треба да знаете
Последни објави