Search

Зошто толку нè боли кога ќе се исечеме од хартија?

На сите ни е познато чувството на остра болка кога сфаќате дека штотуку сте се исекле од хартија. Хартијата делува нежно и безопасно на прв поглед, но од неа не само што може да се исечете туку и тие ранички болат повеќе од тоа што очекувате, а зараснуваат со денови.

Зошто е тоа така? Една од причините е фактот дека од хартија најмногу страдаат прстите.

„По целото тело имаме нервни завршетоци, но на одредени делови се почувствителни, како на пример кај усните или на прстите, каде ги има повеќе“, вели дoктор.

Објаснува дека чувствата на болка се разликуваат бидејќи густината на нервни завршетоци е различна во телото. Уште една причина за болка е и тоа што со хартија обично ја сечеме дланката, а дланките постојано ги употребуваме што значи дека оваа ситна рана постојано се отвора.

Третата причина е хартијата. Иако делува мазно, кога би ја погледнале под микроскоп ќе видите дека станува збор за нерамна површина, тоа го потврдува и исеченицата која е со неправилна форма.

Покрај тоа, микроскопските траги од материјалот од кој е направена хартијата можат да завршат во раната, поттикнувајќи воспалителен процес.

Затоа е важно раничката да ја измиете со млака вода и малку сапун.

Треба да знаете
Последни објави