Search

Зошто на мачките им светат очите во темница?

Дали некогаш сте се прашале како мачките гледаат во мрак и на што се должи нивното исклучително сетило за вид?

Одговорот е дека не гледаат во целосен мрак, но во полутемница гледаат за 50% подобро од нас благодарение на специфичната градба на окото.

Во однос на големината на главата, мачките имаат изразено големи очи што се состојат од неколку слоеви ткиво. Белката им се состои од густо фиброзно ткиво што има добар заштитен слој.

Рожницата се состои од тенки слоеви клетки распоредени на посебен начин што овозможува светлината да влезе во окото.

Мачките имаат слој ткиво што ја рефлектира светлината, наречен Tapetum Lucidum. Едноставно кажано, тој слој што се наоѓа зад ретината е причината зошто на мачките им светат очите во темница.

Овој слој ја зголемува способноста да гледаат при намалена светлост, а истовремено ја намалува острината на видот при обилна светлина. Мачките можат да разликуваат боја, но не и слични нијанси на една боја.

Треба да знаете
Последни објави