Search

Зошто Меѓународниот Балкански Универзитет е најдобриот избор за квалитетни студии кои водат до успешна кариера

Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ) нуди предности коишто секако го издвојуваат и го ставаат во фокусот на студентите кои се во потрага по квалитетни студии. Овие предности се однесуваат подеднакво и на образовниот, но и на кариерниот сегмент и можностите што ги нуди МБУ.

Меѓу поволностите и можностите, пред сè, се истакнува оценката од Шангајската ранг листа според која Меѓународниот Балкански Универзитет меѓу домашните универзитети ја доби највисоката оценка во областа на наставата и учењето. Оценката доаѓа како резултат од активностите на универзитетот во насока на обезбедување поквалитетно образование, како т.н. клиничка настава со гости предавачи, кои се експерти во својата област и на студентите им го пренесуваат своето практично искуство и знаење. Секако тука влегуваат и постојаните програми за практична настава, бројот на странски студенти кои го прават вистински меѓународен универзитет, како и оптималниот сооднос на бројот на студенти по академски кадар кој овозможува силна интеракција во образовниот процес и правилно советување и насочување на студенти за нивните кариери. Универзитетот има силна и блиска соработка со бизнис заедницата во земјава, преку 150 фирми каде постојано се нуди квалификуван кадар, подготвен да се соочи со секој работен предизвик. Универзитетот има завиден процент на вработени дипломци, во државата и во регионот, во првите 6 месеци по дипломирањето, над 90%.

 Од наведеното може да се заклучи дека Меѓународниот Балкански Универзитет ги подготвува своите студенти за просперитетна иднина, базирана на почитување на меѓународни вредности и создава висококвалитетен кадар кој е навистина конкурентен на пазарот на трудот.

Меѓународниот Балкански Универзитет го има приматот и за најактивен универзитет во однос на размената на студенти и наставен кадар. Воспоставени се над 170 договори за меѓународна соработка, од кои 76 преку европската програма Еразмус+, 47 за турската програма за студентска мобилност Мевлана и 47 билатерални договори за соработка. Сето тоа отвора можност за меѓународна размена на студенти во повеќе од 40 земји ширум светот.

На универзитетот функционираат 7 факултети кои нудат 18 програми за додипломски и 10 програми за постдипломски студии, a во тек е акредитација на првите докторски студии во областа на економијата и компјутерското инженерство. Универзитетот го поседува најмодерниот универзитетски кампус во државата, направен според највисоките стандарди за образование во 21-от век. МБУ е единствениот универзитет во земјава каде англискиот јазик е и службен и наставен, односно наставната програма се одвива целосно на англиски јазик, но тоа не треба да се смета за пречка кај оние на кои англискиот јазик не е најсилна страна. Програмата на универзитетот нуди интензивна програма во Школата за англиски јазик целосно вклучена во годишната школарина.

Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ) ја гради својата успешна приказна, во нашата земја веќе 13 години. Универзитетот е двојно акредитиран, и од Одборот за акредитација во нашата држава и од Советот за високо образование на Република Турција, што значи дека подлежи на двојна контрола на квалитетот на образование и дејноста од двете земји.

Треба да знаете
Последни објави