Search

Зошто ве боли целото тело кога имате грип?

Сезоната на настинки е во ек, а покрај кашлањето, високата температура и кивањето, еден од симптомите по кои може да знаете дали имате обична настинка или грип е болката во мускулите по целото тело.

Само кога сте заразени со вирусот на грип покрај другите симптоми чувствувате и болка во мускулите.

Но, зошто се јавува оваа болка?

„Најкраткиот одговор е дека, за жал, нема одговор. Меѓутоа има неколку теории што уште не се докажани“, вели доктор Онор Лансен.

„Најверојатно објаснување е дека честичките грип се навлезени во мускулите и затоа нѐ болат, или дека делувањето на честичките имунитет во мускулите ја создава болката во мускулите“, вели тој.

Лора Хејнс, специјалист за имунологија, вели дека според нејзините истражувања покажале дека инфекцијата со грип ги зајакнува гените кои ги деградираат мускулите, а ги ослабуваат гените одговорни за раст на мускулите.

Ова истражување уште не е завршено, но научниците сметаат дека болката во мускулите се должи на реакцијата на имуниот систем на нападот од вирусот на грип.

„Причината зошто нѐ болат мускулите на цело тело е што телото реагира на болеста со испраќање на бели крвни зрнца во поголема количина од вообичаено“, вели доктор Миа Финкелстон.

„Белите крвни зрнца или леукоцити го штитат телото од инфекции. Не сме навикнати да имаме толку леукоцити во крвта и тоа нѐ прави летаргични и нѐ болат мускулите“, вели таа.

Финкелстон советува кога ве болат мускулите поради грип да легнете во топла купка, убаво да се наспиете и да внесувате течности за да се избегне дехидрирање на телото.

Овој симптом е непријатен, но привремен, вели доктор Лансен и советува ако не можете да ја издржите болката да земете „ибупрофен“.

Треба да знаете
Последни објави