Search

ЗНМ, ССНМ и СЕММ ги осудуваат законите упатени кон новинарката Милевска

Здружението на новинари (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот на етика во медиумите во Македонија (СЕММ) најостро реагираат на говорот на омраза и директните закани по живот упатени преку социјалната мрежа Твитер кон новинарката Тања Милевска, дописник на МИА.

Од иституцииите бараат итна реакција и будно следење на ваквите појави, а од партиите јавна осуда на нападите и поддршка на новинарските заложби за слободата на говор и заштита на медиумските работници.

– Како новинарски организации упатуваме на фактот дека и говорот на омраза и ваквите директни закани се опфатени со Кривичниот законик со што должност е на институциите, првенствено на МВР и на Јавното обвинителство, итно да ги истражат и процесуираат. Потсетуваме дека безбедноста на новинарите и правото на слободен говор одат рака од рака, заедно со демократските обележја на една држава. Ваквиот јавен дискурс во којшто најбезобразно се напаѓаат новинари и тоа со најотворени закани по живот е недозволив и незамислив за едно демократско општество, пишува во реакцијата од трите здруженија.

Фактот што земјава е во изборна кампања, според трите здруженија, дополнително потенцира дека апелот треба да биде упатен до политичките партии како директни генератори на овој, како што се вели, опасен тренд

Треба да знаете
Последни објави