Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) вчера во рамки на годишното собрание покрај претседател, избра и членови на Управен и Надзорен одбор, како и членови на Советот на честа. За членови на Управен одбор, меѓудругото, беа избрани и двајца медиумски работници од Медиумска информативна агенција (МИА).
Присутни во салата беа околу 500-тини новинари и медиумски работници, од кои регистрирани со право на глас беа 487 новинари.
Со 257 гласови, Младен Чадиковски повторно беше избран за претседател на ЗНМ. Од останатите кандидати за претседатели, Марјан Николовски освои 119, а Фиљана Кока 53 гласови. Неважечки ливчиња беа 11 од вкупно 458 гласа.
За членови на Надзорен одбор се избрани Мефаил Исмаили, Роберт Коцев, Сеад Ризвановиќ, Горан Симоновски и Миомир Серафиновиќ.
За членови на Совет на честа се избрани Саше Димовски, Огнен Јаневски, Мира Костиќ, Емилија Мисирлиевски и Игор Стефановски.