Search

Знаци кои оддаваат дека сте во врска со нарцисоиден маж

Иако се чини дека би препознале нарциосидна личност штом проговори, постојат знаци кои не веднаш се поврзуваат со ваквата особина и егоизмот.

Освен постојаното гледање во огледало и зборувањето за себеси со часови, ова се потезите кои откриваат дека сте во врска со вистински вљубеник во себе.

Правел се’ за да ве освои

На самиот почеток од врската се однесувал како совршен партнер на кого главната цел му била да ве направи среќни и задоволни. Но, по неколку месеци нагло станал дистанциран, а вам не ви е јасно како дошло до тие промени. Имено, нарцисите и социопатите имаат една заедничка работа, а тоа е да ја остварат својата намера без оглед на се’. Причината зошто така се однесувал на почетокот од врската е што по секоја цена сакал да ве освои и со тоа да ве стави на неговата листа на победи.

Поважна му е сликата од вас како пар во јавноста отколку вашата врска

Вистинските чувства и емоционалната интимност за нарцисите се потполно споредни. Она што е важно за нив е вашата презентација пред другите, која мора да биде совршена. Нарцисите се воглавно перфекционисти и внимаат секој детаљ да е на свое место со цел сите да ви завидуваат на вашата наизглед беспрекорна врска.

Постојано го критикува вашиот изглед

Иако на почетокот се однесувал како да сте совршени, сега е друга приказна. Не му се допаѓа вашиот стил на облекување, смета дека сте накачиле неколку килограми, а ниту вашиот омилен кармин не му е по волја. По некое време, партнерот може да стане неподнослив со ваквите коментари, а не очекувајте да ви се извини бидејќи тој смета дека е потполно во право.

Секогаш ве обвинува вас

Вие знаете дека сте во право и дека тој погрешил, но тој никогаш нема да го признае тоа и секогаш ќе ве обвинува вас. Освен тоа, нарцисоидната личност може насилно да ја прекине кавгата и да ве прогласи за “кралица на драмата”, а со тоа да ви набие грижа на совест, претворајќи се себеси во жртва.

Нема блиски пријатели

Освен тоа што за секој наводен пријател има неколку критични зборови, нарцисот секогаш има филмски исценирани приказни за своите ужасни поранешни партнери. Секогаш себеси се прикажуваат како жртви, а поранешните пријатели и партнери ги сметаат за најлошите личности кои некогаш можете да ги замислите.

Треба да знаете
Последни објави