Search

Знаеме кој министер од СДСМ го пренесувал списокот до Јанева кој од ВМРО-ДПМНЕ треба да биде уценуван

Во вечерашното гостување во 24 анализа со Душица Мрѓа, Илија Димовски од ВМРОДПМНЕ во жестока дебата со Мухамед Зехири од СДСМ ја обвинини власта дека не решила ниту еден случај од судските процеси. Ја обвини дека направиле театар од судењата и ниту едно не е разрешено и дека си играат со емоциите на граѓаните.

„Никој не бара амнестија, случајите што се почнати во законски предвидениот рок треба да се продолжат, оние кои се почнати по тој рок може да се користат како индиции. Имаме чист однос кон таа работа, изјави Димовски.

Тој потенцираше дека СДСМ преку СЈО си игра кадрова комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сите што им сметаат, или што им сметале и што мислат дека треба да бидат уценети и што сакаат да им се одмаздат си ги ставале во одредени предмети. Знаеме ние и кој министер од СДСМ бил задолжен за пренесување на списокот до Катица Јанева на тие лица,изјави Димовски.

Тој побара од Зекири заедно да пратат писмо по закон за слободен пристап до информации од јавен карактер да побараат комплетен список за вработени во СЈО и финансиски сретства кои ги добиваат.

Димовски потенцираше дека СДСМ ја користи комплетно јавнообвинителската служба во Република Македонија и онаа во СЈО и онаа во ЈО, и по традиција е навикната секогаш да ја користи за себе и во своја корист, притоа уценувајќи пратеници и градоначалници на опозицијата, додека тие од СДСМ слободно си прават што сакаат.

-Градоначалник од СДСМ претепува граѓанин му се заканува го уценува и нема никаква активност. Поминаа повеќе месеци, никаква активност од јавното обвинителство. Тој градоначалник се уште е дел од СДСМ, доаѓа на состаноци на Централен одбор, нема никакви политички последици од страна на СДСМ, да не зборуваме за последици од јавнообвинителската дејност, истакна Димовски.

Тој додава дека во исто време на поранешен градоначалник источна Македонија СДСМ преку обвинителството му пушта пријава за тоа што надвор од програмата потрошил 3 ипол илјади евра, но тие пари се потрошени на сметка на здружение на граѓани за грижа за деца со потребни потреби и тие пари навистина се потрошени за тие деца, а градоначалникот се уште се соочува со таа обвинителско судска постапка.

Треба да знаете
Последни објави