Search

ЗК Пелагонија: Исплатени сите обврски кон вработените

Компанијата ЗК „Пелагонија“ соопшти дека во текот на денот на вработените им биле исплатени сите обврски.

„Во текот на денешниот ден беа одблокирани сите сметки на најголемиот земјоделски комбинат во државата, ЗК ’Пелагонија’ и кон сите наши вработени беа исплатени сите финансиски обврски. Менаџментот на компанијата ниту еднаш не ги игнорираше барањата на вработените во текот на изминатите неколку месеци. Напротив, вложуваше максимални напори, и покрај настаната ситуација во ЗК ’Пелагонија’, обврските кон вработените да ги сервиса согласно можностите “ – велат од ЗК „Пелагонија“.

Додаваат дека повеќе од два месеца менаџментот на компанијата со сите сили се труди да ја врати компанијата на вистинскиот пат, со сите свои вработени на број. Комбинатот и покрај сите проблеми, како што велат, продолжува со својата работа.

Треба да знаете
Последни објави