Search

Зимбабве има потреба од 800.000 тони пченка, рече претседателот

Зимбабве мора да увезе 800.000 тони пченка поради сушата што ја погоди земјата, која претрпе загуба на половина од посевите, во средата рече претседателот Емерсон Манангагва, додавајќи дека никој во земјата нема да гладува.

Агенција на Обединетите нации рече дека околу 5 милиони жители на Зимбабве, односно една третина од населението, ќе има потреба од храна оваа година како резултат на сушата предизвикана од Ел Нињо.

„Се на се, треба да увеземе околу 800.000 тони, бидејќи нашиот принцип е дека никој не треба да умре од глад“, изјави Манангагва.

Увозот на житарки ќе изврши притисок врз малите резерви на долари во земјата, која се соочува со недостаток на гориво, лекови, леб и електрична енергија.

Минатата недела владата им забрани на фармерите да продаваат пченка, освен на државниот одбор за житни култури, додека владата се обидува да ги задржи ниските цени на културите откако сушата нагло го прекина производството.

Танзанија веќе вети дека ќе продаде 700.000 тони пченка во Зимбабве, потег што претседателот на земјата се надева дека ќе ја стимулира трговијата меѓу двете земји.

Треба да знаете
Последни објави